Free Essay

Dasfg

In:

Submitted By loldikc
Words 407
Pages 2
СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”

Тема: Стандарди на болничка соба и мебел во неа

Изработиле: Андреј Ацевски и Ана Марија Димишкова II-2 м.с.т
Ментор: проф. Нина Кнаггс
Вовед

Човековите права и улогата на медицинските сестри Медицинските сестри имаат обврска да ги штитат и активно да ги унапредуваат здравствените права на луѓето во секое време и на сите места. Тука спаѓа гарантирање на адекватна нега во рамки на расположливите ресурси и согласно на етиката на медицинските сестри. Исто така, медицинската сестра е обврзана да обезбеди дека пациентите добиваат соодветни информации со разбирлив јазик пред да дадат согласност за лекувањето или за процедурите, вклучително и за учество во истражувања. Медицинските сестри се отчетни за нивното постапување и непостапување при заштитата на човековите права, додека пак Националните асоцијации на медицински сестри имаат одговорност да учествуваат во развојот на закони во областа на здравјето и социјалата кои се поврзани со правата на пациентите. Онаму каде медицинските сестри се соочуваат со “двојна лојалност” која вклучува конфликт помеѓу нивните професионални задолженија и нивните обврски кон работодавачот или друг надлежен орган, примарната одговорност на медицинската сестра е пред оние на кои им обезбедува нега.

Кодекс на медицинската сестра кон штитеникот/корисникот

Медицинската сестра се грижи за запазување на животите и здравјето на луѓето.Притоа е должна својата работа да ја извршува хумано, стручно, одговорно и во однос на штитеникот/корисникот, да ги почитува неговите индивидуални потреби и вредности.
-Медицинската сестра го почитува правото на штитеникот / корисникот на избор и одлучување
-
Медицинската сестра е должна, како деловна тајна, да ги чува податоците за здравствената состојба на штитеникот/корисникот, за причините, околностите и податоците за таа состојба.
-
Професионална етика од медицинската сестра бара активности коишто ѓи надминуваат правните барања на согласност ; на пример, иако детето правно не може да даде согласност, сеедно, на соодветен нацин го запознаваме со постапката.

Кодекс за однесување на медицинската сестра и соработниците

Медицинските сестри и нивниот однос кон другите здравствени работници треба да се темели врз отвореноста, чесноста и колегијалноста.
-
Односите меѓу медицинските сестри мораат да се темелат врз почитување и на коректен начин.
-
Медицинските сестри мораат да им посветат посебна грижа на студентите/ученици на медицинските школи, како и на приправниците
-
Медицинската сестра треба да ги почитува животните и стручните искуства на постарите, претпоставените и наставниците, кои секогаш треба да служат како пример на помладите соработници.
-
Недоразбирање не треба да предизвика некоректно однесување.Во случаи на недоразбирање, треба да се реши на мирен и коректен начин.

Similar Documents