Free Essay

Managerial Accounting

In:

Submitted By Bilyana
Words 3213
Pages 13
[pic] УНИВЕРЗИТЕТ “Св.КИРИЛ И МЕТОДИЈ”

ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУТ - СКОПЈЕ

ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ОД ОБЛАСТА НА

ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ

СЕМИНАРСКА РАБОТА

Предмет: Менаџерско сметководство

Значењето на политиките за сметководствено контролирање кај банките во Република Македонија

Студент: Билјана Ивановска

Досие бр. 1594

Наставници:

Проф.д-р Билјана Ангелова

Проф.д-р Татјана Петковска

Скопје, 2014 година

СОДРЖИНА

Вовед..................................................................................................................................3

1. Сметководствени политики кај банките.............................................................4

2. Сметководствено контролирање кај банките………………………………..... 6 1. Определување на сметководствен контролен систем………………….….6 2. Начела на сметководствено контролирање………………………………...7 3. Идентификација на најважни ризици……………………………………….8

3. Типови на сметководствено контролирање……………………………………10 1. Примарно сметководствено контролирањe……………………………….10 2. Секундарно сметководствено контролирање……………………………..13

Заклучок………………………………………………………………………………….14
Summary………………………………………………………………………………….15

Користена литературa…………………………………………………………………...16

Вовед

Сметководството во банкарскиот сектор во Македонија се води врз основа на широкиот спектар на законска регулатива и тоа :Законот за трговски друштва, Законот за девизно работење, Законот за банки, Законот за Народната банка на Македонија, Законот за хартии од вредност, Супервизорски стандарди, Одлука за методологија за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки за подготовка на финансиски извештаи, Одлука за сметковниот план на банките,Одлука за видовите и содржината на финансиските извештаи кај банките и многу други подзаконски регулативи со кои детално се објаснува начинот на водење на сметководствените политики кај банките кои имаат статус на голем трговец. Сметководството кај банкарскиот сектор има за задача да обезбеди навремени и ажурни податоци на корисниците (акционерите, менаџерите, управниот одбор) за донесување на понатамошни одлуки.

Оттука, за секоја банка е значајно да има солидно поставен систем на сметководственото контролирање кој ќе претставува основен и најважен дел од целиот контролен систем кој опфаќа и внатрешно и надворешно ревидирање на сметководството како и надгледување на сметководствената функција. Сметководственото контролирање кое се разгледува во овој семинарски труд е еден дел од сметководствените политики кои секоја банка има обврска да ги усвои во рамките на своите интерни акти. Врз основа на овие политики банките го водат сметководството и ги изготвуваат финансиските извештаи.

Во овој семинарски труд детално се објаснети сметководствените контролни функции кај банките, пред се кај банките кои се дел од поголеми банкарски групации. Значајно е да се напомене дека кај овие банкарски групации, најчесто сметководственото контролирање е на некој начин и наметнато од страна на членката водич на групацијата. Во моментот на изработка на овој труд, во Македонија постојат 15 банки[1] лиценцирани од страна на Народната банка на Македонија од кои 9 се дел од странска групација.

1. Сметководствени политики кај банките

Сметководствените политики кај банките се основа за водење на сметководството како и изработка на финансиски извештаи. Тие претставуваат специфични принципи, основи, конвенции, правила и практики усвоени од страна на секоја банка одделно. Финансиските извештаи се структурирани финансиски презентирања на финансиската состојба и на трансакциите извршени од страна на банките. Секогаш при подготовка на овие извештаи банките ги имаат во предвид основните начела а тоа се: вистинито, навремено и фер презентирање на имотот, обврските, главнината, приходите, расходите и финанскискиот резултат од работењето.

Банките утврдуваат сметководствени политики со чија примена се обезбедуваат веродостојни и релевантни информации за донесување на правилни одлуки од страна на менаџерите и акционерите. Целта на сметководствените политики е да обезбеди: - Верно претставување на трансакциите, резултатот и финансиската состојба на банките - Реален и објективен приказ на финансиската сотојба и финанскиот резултат - Одразување на економската суштина на настаните и трансакциите - Неутралност и непостоење на пристасност - Сеопфатност

Банките при избор и примена на сметководствените политики се водат од следните принципи: - Принцип на континуитет во работењето[2] - Принцип на пресметковна основа [3]

Сметководствените политики се менуваат само ако тоа го бара законската регулатива, Меѓународните стандарди за финансиски извештаи и останати подзаконски регулативи или тела кои оценуваат дека има потреба од промена со цел посоодветно и поверодостојно презентирање на настаните.
Правилата за сметководствени политики кои секоја банка ги донесува како интерен акт, се применуваат континуирано додека да се донесе друг акт кој би ги регулирал овие прашања.

Сметководствените политики се особено значајни при изработка на годишните извештаи кои банките имаат обврска да ги состават веднаш по истекот на деловната година. Овие годишни извештаи ги вклучуваат следниве извештаи: 1. Биланс на состојба 2. Биланс на успех 3. Објаснувачки белешки

Годишната сметка се доставува до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар и рокот не може да биде подолг од 2 месец по истекот на деловната година. Но најважно кај овие извештаи е тоа што тие се изработени за потребите на акционерите, менаџментот, клиентите, вработените во банките, Народната банка и други институции и целокупната јавност. Банките изготвуваат и доставуваат до Народна банка квартални, полугодишни и годишни извештаи, додека за состојбите и прометот на сите сметки од сметковниот план доставуваат извештаи на декадно и месечно ниво.

Банките прифаќаат одредени сметководствени политики кои целосно одговараат на природата на деловното работење и најсоодветно ја прикажуваат финансиската состојба.

2. Сметководствено контролирање кај банките

Политиките за сметководствено контролирање кај банките, кои се дефинираат од страна на самите банки интерно во своите акти и документи, се алатка за дејствување на севкупната сметководствена функција. Целта на политиките е да обезбеди квалитетни и сигурни сметководствени информации, а со тоа и правилно и навремено финансиско известување.

Политиките за сметководствено контролирање ги вклучува следниве пет елементи на внатрешни контроли: 1. Сметководствен контролен систем кој е внатрешна околина и која ги определува интерните акти( правилници, политик, упаства), основите за успешно контролирање и начелата на сметководственото контролирање; 2. Идентификација на најважните ризици; 3. Определување на сметководствени контролни активности кои се потребни за контролирање на ризиците; 4. Информирање и комуницирање кои се од големо значење за добро функционирање на системот на внатрешни контроли; 5. Надзорот кој го означува постојаното оценување на внатрешните контроли и функционирањето на сите елементи со цел подобрување односно отстранување на последиците.

1. Определување на сметководствен контролен систем

Системот на сметководствени контроли кај банките опфаќа контролни активности во : - Организациските единици каде се водат аналитичките сметководствени евиденции; - Организациските единици каде се изготвуваат изворните документи; - Сметководства на членки на групации доколку станува збор за банки кои се дел од поголема банкарска групација .

Сметководственото контролирање е напоредно проверување на правилноста на сметководствените податоци и отстранување на неправилностите утврдени при тоа. Сметководствените контролни активности имаат за цел спречување, како и откривање и корегирање. Сметководствените контроли се постапки за обезбедување на сигурност на сметководствените информации, одржување на веродостојни деловни книги и заштита на средствата.

При определување на сметководствениот контролен систем, банките се базираат на следните основни цели кои обезбедуваат: - Сигурен систем за поддршка на работењето; - Правилни, целосни и навремени сметководствени податоци; - Усогласеност со законските и другите барања.

Притоа од големо значење претставуваат интерните акти кои секоја банка ги донесува за внатрешна контролна околина. Тие акти се прирачници, правилници, упатства за работа итн.

2. Начела на сметководствено контролирање

При вршењето на внатрешни контроли кои се поврзани со сметководствениот систем кај банките, треба да се задоволени следниве начела: - Начелото на комплетност значи дека со контролите се обезбедува комплетност на податоците; - Начелото на вистиност значи дека сметководствените документи без разлика дали се во хартиена форма или електронски записи мора да ги прикажуваат деловните настани веродостојно и реално; - Начелото на поделба на задачите бара организирање на работата кое на поединецот не му допушта самиот да ја изврши работата од почетокот до крајот; - Начелото на контролирање на извршување на трансакциите бара контролирање на извршувањето на трансакциите на секое ниво од работење за да може евентуалните грешки побрзо да се откријат и со тоа да се намалат штетните последици; - Начелото на напоредност, односно ажурност на сметководствените евиденции зачи дека сите податоци за одобрените трансакции напоредно се внесуваат во соодветните евиденции; - Начелото на усогласеност на состојбата значи дека треба најмалку еднаш годишно да се провери дали состојбата на одделните активни и пасивни ставки во деловните книги се совпаѓа со фактичката состојба; - Начелото на одделеност на сметководството од извршување на трансакциите наложува дека податоците за трансакциите не смее да ги обработува исклучиво лицето кои ги извршува тие трансакции; - Начелото на стручност кое наложува дека сметководството може да му се довери само на едно лице кое е соодветно стручно обучено зависно од сложеноста на активноста; - Начелото на ограничување на пристапот кон средствата и евиденцијата со кое се спречува неодобрено менување на податоците и се обезбедува доверливост на податоците како и заштита на средствата.

3. Идентификација на најважни ризици

Сметководствениот процес кај банките се одвива во соодветни технички апликации во кои ажурно и навремено се водат аналитиката и синтетиката на средствата на банките. Оттука произлегуваат и низа на ризици кои може да настанат. Секако при идентификација на ризиците не се изземени и човечките грешки и нестручноста на вработените.

Во делот на сметководствената функција се идентификуваат следниве најважни ризици: - Ризикот од несоодветно сметководствено решение во аналитичката апликација; - Ризикот од погрешно или нецелосно внесување на податоците; - Ризикот од неправилно и ненавремено надворешно известување, а како последица на тоа и ризик од добивање на одредби од регулаторите (опомени, казни, глоби).
За таа цел, банките определуваат основни правила за надминување на ризиците поврзани со сметководствените функции. Тие најчесто се : - Систем на овластувања – банките се компании со многу вработени во различни организациони единици и извршувајќи најразлични задачи. За таа цел пристапот на секој вработен во банкарските софтверски апликации мора да биде внимателно надгледуван и ограничен со цел неовластени лица да немаат пристап кон сметководствениот систем, поведувајќи се од потребата за заштита на податоците. Овој систем на овластувања може да биде на повеќе нивоа на одобрувања со што се зголемува свеста за значењето и обемот на трансакциите. - Разграничување на должности – соодветното разграничување на должностите и одделувањето на задачите е начин на спречување на измами. - Почитување на сметководствени правила – секое сметководствено евидентирање во софтверските апликации се врши согласно одредбите на сметководствените стандарди и извештаи. - Документирање на сите деловни настани – сите деловни настани да се документираат соодветно по зависност од нивното настанување и содржинско расчленување. - Систем на старателство- се определува која организациона единица е одговорна за одделни сметководствени конта. Таа организациона единица обезбедува правилност на книжење, усогласеност на книжењата од аналитика и синтетика. - Архивирање – архивирањето на сметководствените документи е пропишано и законски со што се определува време и начин на чување на документите на банките.

3. Типови на сметководствено контролирање

Кај процесот на сметководствено контролирање разликуваме два типа : - Примарно сметководствено контролирање и - Секундарно сметководствено контролирање

1. Примарно сметководствено контролирање
Примарното сметководствено контролирање на податоците се врши во аналитичките сметководства и во други организациски единици каде се доставуваат изворните документи.

Зависно од одделната фаза на деловниот процес, овој тип на сметководствено контролирање го делиме на : - Влезни контроли - Процесни контроли - Излезни контроли

Квалитетот на излезните податоци, односно основата за подготвување на извештаите во голема мера зависи од влезните податоци. Токму затоа влезните податоци треба да се внесуваат во системот точно, правилно, целосно и навремено. Влезните контроли кои се однесуваат на влезот на податоците мора да обезбедат: - Внесените податоци да бидат правилни и преконтролирани ; - Внесените податоци да бидат во системот правилно обработени и лесно да се идентификуваат; - Внесените податоци да не се губат, дополнуваат, дуплираат или неправилно да се менуваат.
Основните контроли при влезот се : - Контроли на изворни документи, односно сметководствени документи-за секое книжење мора да постои веродостоен документ кој одговорните лица со потпис и верификација потврдуваат дека приказот на деловниот настан е правилен, вистинит и веродостоен и дека документот смее да се искористи при сметководственото евидентирање. - Формални, содржински и логично контроли на ниво на податок, запис, датотека (поставување на рачни и автоматски постапки) – при внес на податок софтверската апликација мора да обезбедува известување за грешката и неправилните податоци да се одбијат и повторно да се внесат. Контролите при внесувањето на влезните документи мора да обезбедуваат да се внесуваат само комплетни податоци. Најчесто се вршат следниве автоматски и рачни контроли: логични контроли кои ја проверуваат можноста за настанување на грешки, како на пример правилен внес на одделен параметар, книжење само на одредени сметководствени конта итн, формални контроли кои на корисникот му ги јавуваат грешките од типот на датум, број на сметка, даночни броеви и останати форми кои се стандардно пропишани и содржински контроли кои при автоматско книжење во софтверските апликации се контролира почетниот внес на податоци како на пример износи, кодови, шифри, конта итн. Кај компјутерско изработените сметководствени документи како што е на пример пресметката на камата, пресметката на провизиите и други, треба да се преконтролира дали правилно се внесени параметрите пред да настанат самите активности кои влијаат на правилноста и веродостојноста на така формираниот сметководствен документ. - Влезни контроли при одделно книжење на деловните настани во синтетиката на банките –неправилните сметководствени евидентирања се последница на недоволни влезни контроли и недоволна одговорност за евентуалните грешки во содржината и на правилноста и точноста на влезните податоци. А бидејќи потребите од сметководствените податоции и информации од година во година стануваат се пообемни и посложени,се поголема е потребата од автоматизација на подготвувањето на податоците, од поголем сметководствен надзор и рационализација на деловните процеси. Од тоа произлегува дека рачните евидентирања мора колку што е можно повеќе да се ограничат и да се обезбеди надзор над нив.

Кај процесните контроли мора да се обезбеди: - Комплетност, точност и логичност на обработката на податоците; - Контрола на датотеките и обезбедување на конзистентност; - Сигурност на податоците кои се чуваат во компјутерските датотеки; - Ревизорска трага.

Минималните контроли на процесите кои банките треба да ги вршат се следниве: - Контрола која оневозможува вршење на книжења на непостојни конта и трошковни места; - Контрола на правилноста на книжењето зависно од секторизацијата; - Котрола на контата на расходите да не покажуваат кредитни состојби, а контата на приходите дебитни состојби; - Заклучокот мора да биде израмнет (промет на товар да е еднакво со промет во полза) според датумите на валутата; - Датумот на обработка да не биде помал од дозволеното; - Книжењата во странска валута да имаат противвредност во домашна валута; - Контрола на шифрарникот на валути; - Контрола на книжењето на високи износи; - Контрола на двојно и веќе книжени податоци; - Контрола на aлфанумерички податоци во нумеричките полиња.

Кај банките од особено значење е да софтверските апликации се флексибилни во случај на нови законски барања, за известувања, промени на контниот план и сметководствените шеми или во случај на нов вид на трансакции.

Излезните контроли се контроли кои аналитичките сметководства мора да ги вршат по книжењето на деловните настани. Аналитичките сметководства мора да вршат и да обезбедат: - Формална контрола на правилноста на книжењето на деловните настани; - Содржинска контрола на правилноста на книжењето на деловните настани во согласност со сметковoдствените упатства и контен план; - Усогласеност на аналитичката сметководствена евиденција со сметководствените евиденции во синтетиката (главната книга); - Одделни аналитички конта, како и оддделни трансакции не смее да прикажуваат погрешни состојби; - Контролирано и тековно расчистување на одделните сметководствени ставки на преодните конта; - Обезбедување на усогласеност на вонбилансните состојби; - Содржинско следење на правилноста на книжењето на контата; - Усогласеност на интерните односи кај банкарските групации.

2. Секундарно сметководствено контролирање

Целта на секундарното сметководствено контролирање кое најчесто кај банките се врши во финансиското сметководство е проверување на ефикасноста на вршењето на примарnите сметководствени контроли.

Секундарното сметководствено контролирање опфаќа: - Контроли на податоците во синтетиката (главната книга); - Контроли при изработка на извештаи ; - Анализи; - Годишен попис на средства , побарувања и обврски.

Најчесто секундарните сметководствени контроли се определени во интерните акти на банките.

Заклучок

Банките во Република Македонија согласно Законот за трговски друштва имаат статус на голем трговец. Оттука, работењето на банките е строго регулирано и надгледувано од секој можен аспект. Најјасна слика за работењето на банките дава сметководството кое е клучна активност во банкарскиот сектор а од друга страна и специфично во однос на останатите компании кои функционираат во разни индустриски области. За таа цел банките се должни да постават сметководствени правила и прописи со кои ќе го водат своето сметководствено евидентирање.

Сепак најзначајно се политиките на сметководственото контролирање кои се интерни акти донесени во форма на правилници, упатства, прописи по кои цврсто се раководат банките во своето работење.

Првата работа по која тие се значајни е фактот што банките објавуваат различни видови на извештаи преку кои го обелоденуваат своето работење. Политиките на сметководствено контролирање овозможуваат овие извештаи да се навремени,ажурни и точни. Иако исправки се возможни, сепак ниту една банка не смее да си дозволи да постои грешка поради сметководствено евидентирање при приказот на овие извештаи. Тоа од една страна може да биде и регулаторен но и репутациски ризик.

Следно, политиките на сметководственото контролирање го прикажуваат и процесот на функционирање кај банките, начинот на кој е поставена организационата структура и начинот на кој се врши контрола над сите процеси. Доколку структурата на банките е јасно дефинирана и соодветно аплицирана, сметководствените политики ќе бидат јасно дефинирани и сметководственото контролирање ќе биде на највисок можен степен.
Сметководствената контрола ги штити и банките од измами и несакани злоупотреби од една страна, а од друга страна ги штити и интересите на своите вработени преку фактот што контролата сама по себе значи дека во секој процес постојат минимум две организациски единици низ кои поминуваат податоците, информациите и датотеките.

Билјана Ивановска

THE IMPORTANCE OF THE ACCOUNTING CONTROLLING SYSTEM WITHING THE BANKING INDUSTRY IN REPUBLIC OF MACEDONIA

Summary

This article describes the accounting process within the banking industry in the Republic of Macedonia. More precisely this article elaborates the accounting controlling system that exists among the 15 banks present in Macedonia.
The accounting system and its controlling aspects are strongly regulated in order to create a positive and safe surrounding, where clients, investors, stakeholders will have its confidence. The aim of the accounting within the banks is to provide on time, clear and right information to all stakeholders that need those information for decision making in the future.
The controlling process is described in detail in the internal documents that each bank is obliged to have.
The controlling process has the following activities: - Organizational units where all analytical accounting transactions are presented - Organizational units where the documents that are recognized for the first time are being safe kept - Accounting department within the banking groups if there are banks that are part of a foreign group holding.
There are many principles that are used among the banks as guidelines when controlling procedures are put into force. The aim of all those principles is to position the bank among the best companies organized and controlled on the Macedonian market.
Finally the aim of the whole accounting process in the banks is to ensure that its clients will be protected and best services and products will be offered.

Користена литература

1. Закон за трговски друштва (“Службен весник 28/04, 84/05, 25/07, 87/08,42/10, 47/10, 24/11, 166/12, 70/13, 37/14, 41,14 ”)

2. Закон за банки (“Службен весник 67/07, 90/09, 67/10, 26/13 и 135/11”)

3. Закон за Народната банка на Република Македонија (“Службен весник 158/10 и 123/12”)

4. Одлука за методологија за евидентирање и вреднување на сметкоодствените ставки и подготовка на финансиски извештаи ( “Службен весник 169/10, 165/12, 50/2013 и 110/13”)

5. Одлука за сметководствениот план на банките ( “Службен весник 118/07, 163/08, 31/09, 66/09, 118/09, 81/11, 151/11 и 110/13”)

6. Одлуката за видовите и содржината на финансиските извештаи на банките (“Службен весник 169/10, 152/11, 54/12 и 166/13”)

7. Народна банка на Република Македонија, www.nbrm.mk (Декември 2014)

8. НЛБ Тутунска банка ад Скопје , www.nlbtb.com.mk (Декември 2014)

-----------------------
[1] Банкарски систем на РМ, http://www.nbrm.mk/default.asp?ItemID=E3F83B943F87754FAA3890756D192B23

[2] Под поимот континуитет во работењето се подразбира дека банките ќе продолжат со работа во догледна иднина и нема намера ниту потреба да го ликвидира или материјално да го ограничи опсегот на работењето

[3] Под поимот пресметковна основа се подразбира признавање на ефектите од трансакциите и другите настани кога ќе настанат и се прикажуваат во финансиските извештаи за периодот за кој се однесуваат.

Similar Documents

Premium Essay

Managerial Accounting

...this report is a proposal to implement managerial decisions that could enable Triton Corporation to cut costs and improve on its returns. Initially Triton Corporation went into a recession but has recently emerged as a well performing company to realize the recent $15.2 million in 2014. Having a six operating divisions, Triton Corporation management have to craft decisions that will in the future ensure better performance. Organizations in the contemporary business environment have been faced with challenges pertaining to allocation of resources that are inevitably scarce. As a rationale, any business is in place to create value for the shareholders and also be in a position to comply with the going concern principle of sustainability. This company has therefore enlisted the services of an MBA intern like me to help in formulation of strategies that could steer forward the operations ensuring the past occurrences of a recession are not a repeat. The three major tasks ahead of me is to ensure proper planning of the manufacturing processes to make sure that little waste of resources is realized and secondly, come up with processes and activities that provide high value addition. The application of managerial accounting strategies in any environment are aimed at providing proper planning in all departments to ensure that decisions are well formulated and the organizational resources are utilized to the optimal. Besides, managerial accounting techniques will be sought by financial...

Words: 4268 - Pages: 18

Premium Essay

Managerial Accounting

...Management accounting is concerned with the provision and use of accounting information to managers within organizations, to facilitate the managers in their decision making and management control functions. Unlike financial accounting information (which, for the most part, is made publicly available), management accounting information is used within an organization and is usually confidential. (Jiambalvo) The distinction between traditional and innovative management accounting practices can be illustrated by reference to cost control techniques. Traditionally, management accountants’ principal cost control technique was variance analysis, which is a systematic approach to the comparison of the actual and budgeted costs of the raw materials and labor used during a production period. While some form of variance analysis is still used by most manufacturing firms, it nowadays tends to be used in conjunction with innovative techniques such as lifecycle costing and activity-based costing, which are designed with specific aspects of the modern business environment in mind. Lifecycle costing recognizes that managers’ ability to influence the cost of manufacturing a product is at its greatest when the product is still at the design stage of its product lifecycle (i.e., before the design has been finalised and production commenced), since small changes to the product design may lead to significant savings in the cost of manufacturing the product. Activity-based costing recognizes that...

Words: 374 - Pages: 2

Premium Essay

Managerial Accounting

...|Name of Course |Managerial Accounting | |Course Code |EBF 2043 | |Credit hours |3 | |Prerequisite |Accounting | |Synopsis |The course introduces the vital role played by management accounting and the information provided by management accounting information | | |systems (MAIS) in a firm or an organisation. Management accounting is used for decision making, learning, planning and controlling | | |activities that are supporting operational and strategic needs. It also supports continuous learning and improvement activities and | | |serves as a linkage between strategy and execution of that strategy. | |Learning outcomes |At the end of this course, students are able to: | | |Compare and explain about...

Words: 2279 - Pages: 10

Premium Essay

Managerial Accounting

...However, it has been in the need for a competent accountant who could provide them a more reliable and relevant financial reporting particularly the company’s cost accounting system and other methods. In order to meet its profit objectives and other ends, a specific cost accounting system is necessary for its budgets, and other management and accounting reports needed. STATEMENT OF THE PROBLEM S.W.O.T. ANALYSIS | |Strengths |Weaknesses | | |Cost items, its balances and details including |Product costs are not identified separately | | |production, sales and cash flow data are |from period costs. | | |already given. |Likewise, variable costs are not identified | | | |separately from fixed costs. | |Opportunities | | | |Profit objective of the Armstrong Helmet |Given all accounting details of the company, |Some details will not be relevant anymore in | |Company will help determine the appropriate |the costing system will easily be determined...

Words: 487 - Pages: 2

Premium Essay

Managerial Accounting

...ACC 122 Career Paper Managerial Accounting Managerial Accounting, also known as Cost Accounting, is defined as: “A branch of accounting that observes and calculates the actual costs of a company’s operations. It is the process of identifying, measuring, analyzing, interpreting, and communicating information in the pursuit of a company’s business goals. “ Farlex Financial Dictionary. (2012). Retrieved from: financial-dictionary.thefreedictionary.com/Managerial+Accounting Managerial accountants provide information to managers within a company. The managers then use the information to make decisions, prepare external reports, and budgets. They make decisions by analyzing the statements to evaluate performance and control costs in the most efficient way possible to meet the company’s goal. Managerial accountants must have a bachelor’s degree, in some places a master’s degree, and in some states be a CPA. Once a person becomes a managerial accountant they can work in an office or from home depending on the employer. With the rise in globalization, the need for managerial accountants familiar with international finance is also on the rise. Managerial accounting should not be confused with financial accounting as there are many differences between the two, outlined in the following table: Financial Accounting Managerial Accounting Must be accurate and timely Usually approximate but relevant & flexible Is compulsory under company law Except for few industries...

Words: 433 - Pages: 2

Premium Essay

Managerial Accounting

...Unit 1 IP Managerial Accounting Sheri Ann Heil American InterContinental University To: John Smith-CEO From: Sheri Heil-Manager/accounting department Date: February 12, 2012 Re: Hiring managerial accountant to focus on internal accounting Introduction This memo will explain the objectives of having another managerial accountant that would focus on internal accounting for the company. Above all this person will help organize these systems to be even more reliable for the board of directors and management to make concise decisions. Therefore making the meetings easier to connect with the internal accounting systems for the corporation, and help to clarify government regulations and corporate policies. The Objectives and Characteristics of an Internal Accounting System With this in mind, objectives of an internal accounting system are that it will support, encourage, and protect management practices. The general purpose for internal account system is that it supports the financial decision making and also supports the general decision making. This internal accounting system will help clarify that the government regulations are followed, all organization policies are compiled with, financial information will be reliable so that the board of directors and management can make these decisions correctly. Therefore, internal accounting systems will make sure that the assets and records of the firm are not stolen, misused or destroyed (M.U.S.E., 2012). The...

Words: 520 - Pages: 3

Premium Essay

Managerial Accounting

...How to use various accounting methods by Maxine Barclay Managerial Accounting Kristina Unutoa, Professor Abstract Accounting is a critical part of running a business. Since there are various forms of accounting that can be used, it is important to know which technique is best to use for what companies since they are unique. Once a particular technique is established, it is also important to keep an open mind if there are changes that need to take place in the organization. Keeping an open mind helps the company adjust and move forward in a timely fashion Most businesses exist to make a profit. Accounting is an important part in helping understand how the profits and expense amounts are derived. Accounting involves the process of summation, estimation, forecasting and analysis of financial transactions. Accounting can broken up into many areas which are all slightly different in nature depending on the process and objectives. Many of the formulas, statements and mechanisms are used and the fundamentals of them are still the same (Scholasticus, 2011) . Cost accounting systems record manufacturing activities for inventory systems that update records for cost of materials, goods in process and finished product.  It must be timely information about inventory and manufacturing costs in order for management to control costs and set selling prices (Wild & Shaw, 2012).  A cost accounting system requires five parts that include an input measuring basis...

Words: 1019 - Pages: 5

Premium Essay

Managerial Accounting

...Principles of Managerial Accounting—Fall 2013 Competencies |Competency |Description | |1 |Know difference between managerial and financial accounting. | |(Ch. 1-2) |Managerial accounting – provision of accounting info for a company’s internal users. It is the firms internal | |Q 1-6 |accounting system and is designed to support information needs for managers. (provide planning, controlling, | | |and decision making info) Internal accounting | | |Financial accounting – producing info for external users, including investors, creditors, customers, suppliers,| | |government agencies, and labor unions. External accounting | | |Identify cost classifications—Direct Materials, Direct Labor, Manufacturing Overhead, Nonmanufacturing costs. | | |Direct materials – materials that are part of the final product and can be directly traced to the goods being | | |produced. (tires on cars, wood in dining room table, alcohol in cologne, denim in jeans) | | |Direct labor – labor that can be directly traced to the goods being produced...

Words: 1092 - Pages: 5

Premium Essay

Managerial Accounting

...WITH COST EFFECTIVENESS, SECOND IN PURSUING AN ORGANIZATION GOALS MANAGERS MAY MAKE MANY DECISIONS AND FOR THAT THEY NEED INFORMATION. THE INFORMATION NEEDS OF MANAGEMENT EXTEND ACROSS FINANCIAL, PRODUCTION, MARKETING LEGAL AND ENVIRONMENTAL ISSUES. DEFINITION: “MANAGEMENT ACCOUNTING IS THE PROCESS OF PRODUCING FINANCIAL AND NON FINANCIAL INFORMATION TO ASSIST MANAGERS AT ALL LEVELS OF AN ORGANIZATION. MANAGEMENT ACCOUNTING INFORMATION SHOULD BE DESIGNED TO MEET MANAGER’S SPECIFIC NEEDS AS THEY CARRY OUT THEIR PLANNING AND CONTROL FUNCTIONS AND MAKE SHORT AND LONG TERM DECISIONS.” OR “THE PRIMARY GOAL OF MANAGERIAL ACCOUNTING IS TO PROVIDE INFORMATION THAT HELPS MANGERS PLAN AND EVALUATE COMPANY ACTIVITIES AND MAKE BUSINESS DECISION. PROVIDING INFORMATION FOR PLANNING, EVALUATION AND DECISION MAKING IS THE PRIMARY OBJECTIVE OF MANAGERIAL ACCOUNTING. MANAGEMENT ACCOUNTING vs. FINANCIAL ACCOUNTING USERS OF INFORMATION ➢ FINANCIAL ACCOUNTING IS AIMED PRIMARILY AT EXTERNAL USERS LIKE BANKS ,SHARE HOLDERS, CREDITORS, STOCK EXCHANGE ETC EXTERNAL USERS NEED INFORMATION TO MAKE INVESTMENT , LENDING AND REGULATION DECISON WHERE AS MANAGERIAL ACCOUNTING IS AIMED PRIMARILY AT INTERNAL USERS (MANAGERS AT ALL LEVELS) WHO NEED INFORMATION FOR ROUTINE PLANNING AND EVALUATION DECISION OF FIRM’S INTERNAL...

Words: 597 - Pages: 3

Free Essay

Managerial Accounting

...000 Because the company is already established it is very likely that advertisements can be cut down and have new patients by referrals. Professional meetings/dues $14,000 $8,500 $14,000 Cutting down meetings/dues will be considered a cut back by meeting via e-mail or memo. Worst case is to have staff pay for meetings/dues. Purchased services: Accounting and billing $15,000 Custodial $13,000 Security $12,000 Consulting $10,000 $0 $10,000 Consults should be a free service. I view a consult as a assessment at a mental health facility. Community mental health services Salaries( two social workers) $46,000 $23,000 $23,000 Two social workers are not needed for this facility. It’s difficult to let an employee go. Transportation $10,000 $5,000 $5,000 Outpatient m.h.t Salaries: Psychiatrist $86,000 Two social workers $70,000 $52,000 I believe there are numerous of individuals who seek outpatient treatment. So I would not terminate both employees but simply have one continue to work full time and the other part time. Managerial Accounting helps establish goals for the company and cost accounting is concerned with a company’s cost production. It is used to facilitate internal decision making, it also provides tools where management can appraise performance and control cost of doing...

Words: 283 - Pages: 2

Premium Essay

Managerial Accounting

...H. Xue Managerial Accounting 2015 Spring Homework 1 (Individual Assignment, Due on 02/11) 1. Das Doors Inc. has recorded the following costs at various volumes of production: Production Volume Total Costs 600,000 $700,000 400,000 500,000 200,000 300,000 Determine the fixed cost and per-unit variable cost using High-Low method. 2. Adams Company sells a single product. The product sells for $100 per unit. The company’s variable expenses are 80% of sales and its fixed expenses total $150,000 per year. a: What is the company’s contribution margin ratio? b: What is the company’s break-even point? (Give answer in dollars and in units.) 3. Jefferson Company reported $4,000,000 of sales during the month and incurred variable expenses totaling $2,800,000 and fixed expenses totaling $720,000. A total of 80,000 units were produced and sold last month. The company has no beginning or ending inventories. a: What is the company’s total contribution margin and contribution margin per unit? b: How many units would the company have to sell to achieve a desired target profit of $600,000? c: What is the company’s break-even point in sales dollars? d: What is the company’s margin of safety? e: What is the company's degree of operating leverage? 4. Parker and Spitzer Manufacturing is approached by a European customer to fulfill a one-time-only special order for a product similar to one offered to domestic customers. The following per unit data apply for sales to regular customers: ...

Words: 622 - Pages: 3

Premium Essay

Managerial Accounting

...Managerial accounting, “is an activity that provides financial and nonfinancial information to an organization’s managers and other internal decision makers” (Wild & Shaw, 2012, p.4). Being that I am a senior level manager in a large company, there are several types of accounting information that my staff and myself should consider when making decisions. The types of information I feel would be important are budgets, and cost-allocations (Vitez, 2011). Budgets are formal statements of a company’s plans for the future. Being that mostly all of a company’s future plans are related to financial or economic details, a budget would be of utmost importance (Wild & Shaw, 2012). The second thing that would be important to my staff and me would be cost-allocations. Management uses this data to be certain that all of the goods and services that are being bought by the company are being priced correctly for the consumers; thus making sure that the company is making a profit. Cost allocation is another one of the most important pieces of accounting information for a company to think about. Management puts together financial reports that show the amount of capital that is being put out for all of the company’s resources. Some of the most common cost-allocations are job costing, process costing, throughput costing, and activity-based costing (Vitez, 2011). Information Technology is a very essential part of communication between managers and their workers. This sort of technology...

Words: 369 - Pages: 2

Premium Essay

Managerial Accounting

...wiL1084x_fm_i-xxiv_1.indd Page i 1/10/11 7:53:00 PM user-f499 /Users/user-f499/Desktop/Temp Work/Don't Delete Job/MHBR231:Wild:203 Managerial Accounting John J. Wild University of Wisconsin at Madison Ken W. Shaw University of Missouri at Columbia 3 rd edition wiL1084x_fm_i-xxiv_1.indd Page ii 1/10/11 9:14:31 PM user-f499 /Users/user-f499/Desktop/Temp Work/Don't Delete Job/MHBR231:Wild:203 To my students and family, especially Kimberly, Jonathan, Stephanie, and Trevor. To my wife Linda and children, Erin, Emily, and Jacob. MANAGERIAL ACCOUNTING Published by McGraw-Hill/Irwin, a business unit of The McGraw-Hill Companies, Inc., 1221 Avenue of the Americas, New York, NY, 10020. Copyright 2012, 2010, 2007 by The McGraw-Hill Companies, Inc. All rights reserved. No part of this publication may be reproduced or distributed in any form or by any means, or stored in a database or retrieval system, without the prior written consent of The McGraw-Hill Companies, Inc., including, but not limited to, in any network or other electronic storage or transmission, or broadcast for distance learning. Some ancillaries, including electronic and print components, may not be available to customers outside the United States. This book is printed on acid-free paper. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 0 DOW/DOW 1 0 9 8 7 6 5 4 3 2 1 ISBN 978-0-07-811084-9 MHID 0-07-811084-X Vice president and editor-in-chief: Brent Gordon Editorial director: Stewart Mattson Publisher: Tim...

Words: 10500 - Pages: 42

Premium Essay

Managerial Accounting

...31 Complete the following questions on page 904: 2, 3, 4, 5, 6, 10, 11**, 12**, 13. **For 11 just explain the differences between direct and indirect materials instead what's asked in the book. **For 12 explain the differences between product cost and period cost, instead of what's asked in the book. 2. a) For financial accounting, they are external users: stockholders, creditors, and regulators. For managerial accounting, they are internal users: officers and managers. B) Financial accounting reports include financial statements, quarterly and annually. Managerial accounting includes internal reports as frequently as needed. C) Financial accounting reports are general-purpose. And Managerial accounting reports have a special-purpose for specific decisions. 3. The content of reports for financial accounting are: pertains to business as a whole, highly aggregated, limited to double-entry accounting and cost data, and generally accepted accounting principles. And the verification process is an audit by CPA. The content of reports for managerial accounting are: pertains to subunits of the business, very detailed, extends beyond double-entry accounting to any relevant data, and standard is relevance to decisions. In the verification process, there are no independent audits. 4. Since the budget is also used as an evaluation tool, some managers try to “game” the budgeting process by underestimating their division’s predicted performance so that it will be easier to meet their...

Words: 532 - Pages: 3

Premium Essay

Managerial Accounting

...MANAGERIAL ACCOUNTING SOMNATH DAS BASICS OF MANAGERIAL ACCOUNTING Purpose of the course - familiarize you with: 1. Managerial accounting concepts. 2. Managerial accounting practices. 3. Use of managerial accounting information for decision making. 4. Pitfalls. Accounting is a branch of study concerned with the generation ( identification & measurement ) and provision (Communication) of information. Managerial accounting is in particular accounting for the internal management of organizations. A. Financial versus Managerial Accounting Financial Accounting Management Accounting Approach ! unifying concept: assets=equities ! no underlying unity-- many approaches Rules ! G.A.A.P. ! no general principles ! mandatory ! mostly optional Measurement ! almost exclusively $ ! many non-financial elements ! emphasis on precision, objectivity ! subjective estimates Past/Future ! based on past ! many future estimates and forecasts Aggregation ! overall summary of business ! very segmented ! general purpose information ! specific purpose reports Frequency ! less/mandatory frequency ! more frequent and optional Similarity ! basic data source same End result ! ends with financial statements ! integral part of other business aspects B. Cost Accounting Terminology 1. Nature of Cost Cost - A sacrifice of resources:...

Words: 2563 - Pages: 11