ОДБРАНА--------opfor
Во одбрана, се планираат огнови со сите расположиви средства на сите можни правци на приод на непријателските сили кон одбрамбените позиции. Начинот на дејствување ја координира интегрираната употреба на на сите расположиви орудија со наведувани проектили, конвенционална артилерија, и блиска воздушна подршка. Извидувачките и разузнавачките капацитети се концентрираат на откривањето на непријателските формации и локацијата на неговите системи за огнена подршка. Како и во офанзивните операции, маневар со огнови значи префрлање на концентрирани огнови. Најзначаен елемент од ова е способноста за пренесување на огнот од една цел на друга следејќи го маневарот на непријателот. Ова овозможува остварување на интензивни огнови кон непријателските најзначајни групи на цели како и дејствување по цели во непријателската заднина. Исто така обезбедува покривање на пријателските крила и бокови со оган. Артилеријата во одбрана служи за:
• Да ги уништи непријателските наведувани системи и системи за нанесување на НХБ удари;
• Уништување на непријателски сили на најдалечните можни приодни точки кон одбраната;
• Неутрализирање на непријателската артилерија, противоздушни системи, системи за електронско војување и командни места;
• Да ги одврати нападите на непријателските ОМЕ и пешадија;
• Да ги уништи или неутрализира непријателските сили кои ја пробиле одбраната, вклучувајќи ги и непријателските десанти;
• Да спроведе минирање;
• Да учествува во артилериската подготовка и подршка на контранападите изведувани од вториот ешелон.
За време на борбените дејства ноќе, артилериските единици можат да извршат осветлување на теренот, и исто така да ги уништат непријателските средства за илуминација и неговите инфрацрвени инструменти.
АНГАЖИРАЊЕ
Во одбрана, е тешко да се идентификуваат дури и најопштите насоки или норми за употреба на артилериските единици. Органските состави можат да бидат лоцирани буквално било каде во главното подрачје за одбрана, а може да бидат и напред во зоната за осигурување. Во главно, топовските и минофрлачките системи треба да бидат во можност да покриваат една половина до две третини од нивниот максимален домет пред предната илнија на елементот кој што го покриваат со оган. Еден пешадиски баталјон во зависност од добиените задачи може да има придодадена една батерија а во одредени случаи и до еден артилериски баталјон.
Клуч за успех на одбрамбените операции е позиционирање на артилеријата соодветно за да може да пружи подршка на маневарските единици кои се истурени напред во зоната за осигурување. Целта е да се наведе непријателот во реони каде ќе биде неутрализиран или уништен со серија на огнени удари. Најчесто самоодни артилериски системи да ваат подршка на единици кои изведуваат мобилна одбрана, додека влечните артилериски системи повеќе одговараат за подршка на единици кои изведуваат статична (позициона) одбрана.
Секој баталјон и батерија подготвува примарни, резервни, и времени позиции и секогаш има планирано патеки на движење до нив. Одредени артилериски единици мозе да поседнат времени огнени позиции да обезбедат огнена подршка на единици во зоната за осигурување. Овие времени позиции на артилериските единици овозможуваат отворање на оган и нанесување на загуби на непријателот на големи далечини и во непријателската длабочина.
Движењето односно преместувањето на артилериските единици е техника која се користи за да се збуни непријателот. Варијантите за дејство во детали ги дефинираат ваквите маневри доколку се потребни.
ФАЗИ
За да се овозможи централизирана контрола и ефективност, огнената подршка во дефанзивни орерации е поделена на четири фази:
• Огнена подршка за попречување на настапувањето на непријателот;
• Огнена подршкав за одвраќање на нападот на непријателот;
• Огнена подршка на силите кои се бранат;
• Огнена подршка за време на противнапад.
Огнена подршка за попречување на настапувањето на непријателот
Уништивањето на непријателот за време на неговото пристапување се остварува со употреба на артилеријата и блиската воздушна подршка. Оваа фаза исто така може да ги таргетира и откриените непријателски артилериски батерии и командни места. Што се однесува пак до маневарските единици целта е да бидат покриени со оган и уништени на најголемо можно растојание од нашите сили. Исто така во оваа фаза артилериските единици можат да извршат и поставување на мински полиња на одредени линии.
Огнена подршка за одвраќање на нападот на непријателот
Огнена подршка за одвраќање на непријателскиот напад е најважната фаза од огнената подршка на одбрамбебите операции. Како што непријателот се доближува до одбрамбените линии за да го иницира нападот, огнот од единиците кои се во одбрана се интензивира на највисоко можно ниво и со сите расположиви средства.
Оваа фаза започнува кога непријателот ја поминува линијата на напад, а завршува кога влегува во првите одбрамбени редови. Целта на огновите во оваа фаза е да пружи непрекинат оган пред одбрамбените позиции а со самото тоа да ги разбие формациите и планот за напад на непријателот и створи услови за негово уништување.
Огнена подршка на силите за одбрана
Огнената подршка на силите за одбрана почнува кога непријателските сили почнуваат со пенетрација на првите ешелони на одбраната на баталјонот. Целта на оваа подршка е да го канализира непријателот во огнени џебови и да го спречи да пенетриира подлабоко во нашите сили. Артилеријата ја врши оваа подршка преку сепарирање на напријателската пешадија од оклопните единици и раздвојување на првиот и вториот ешелон.
Огнена подршка на противнапад
Финална фаза од огнената подршка на одбраната е подршка на противнападот на баталјонот. Цел на оваа подршка е да ги поврати изгубените позиции, да ги уништи непријателските сили кои извршиле пенетрација и да овозмоши услови за изведување на понатамошни офанзивни операции. Оваа фаза на огнената подршка има три подфази:
• Огнена подршка за движењето на единицата;
• Огнена подготовка на противнападот;
• Огнена подршка на противнападот.
За време на огнената подршка на движењето артилеријата ја уништува непријателската артилерија и минофрлачки батериии други цели кои може да ги попречат нашите сили во противнапад. Артилериските огнови исто така ја задржуваат линијата на контакт доволно долго за единиците од вториот ешелон долдат во позиција за противнапад.
Огнената подготовка на нападот нормално се состои од огнени удари за уништување на непријателските системи, тенкови, и други орудија на оската на противнападот како и новооткриени цели на истата.
За време на огнената подршка на противнападот, артилеријата користи концентрација на оган на поединечни цели за уништување на цели на оската на противнападот како и крилата и боковите. После успешен противнапад артилеријата изведува огнени мисии за консолидација на достигнатата линија.