Free Essay

Nonverbal Comunication

In:

Submitted By adam23
Words 2341
Pages 10
Бизнис Академија Смилевски – БАС Струмица

Семинарска работа по предметот:
Организациско комуницирање

Тема: Невербална комуникаци

Мај, 2014
Содржина:

1. Вовед.................................................................................................. 3 2. Дефинирање на невербалната комуникација................................ 4-5 3. Примери за невербална комуникација............................................ 5-7 4. Културни разлики во невербалната комуникација.......................... 8-9 5. Како се читаат невербалните знаци?.............................................. 9-10 6. Разлики во невербалната комуникација кај мажите и жените...... 10 7. Заклучок............................................................................................. 11 8. Користена литература...................................................................... 12

Вовед

Кога ќе го слушнеме поимот “невербална комуникација” она што веднаш ни паѓа на ум се гестикулациите или изразите на лицето. Сепак невербалната комуникација е многу повеќе од тоа.
Од оваа причина оваа семинарска работа започнува со дефинирање на невербалната комуникација. Секако спомнати се и многу илустративни примери кои го олеснуваат разбирањето на дефинирањето. Примерите исто така ја покажуваат важноста на невербалната комуникација во секојдневниот живот.
Невербалната комуникација е тивка форма на комуникација, која има огромно влијание врз целиот процес на комуникација. Таа ни овозможува да испраќаме пораки до другите за она што го мислиме или чувствуваме, без притоа да користиме зборови. Невербалната комуникација има многу различни функции во процесот на комуникација. Ги регулира односите и ја поддржува, а во некои случаи дури и ја заменува вербалната комуникација.
Како што веќе спомнавме под невербална комуникација не се подразбираат само гестикулациите и изразите на лицето. Тука спаѓаат и интонацијата или нагласокот кој го даваме на зборовите како и физичката оддалеченост помеѓу соговорниците.
Повеќето луѓе не се свесни дека всушност, скоро 30% од комуникацијата помеѓу луѓето е невербална и дека таа постои во нашите секојдневни разговори.

1. Дефинирање на невербалната комуникација

Постојат голем број на дефиниции кои истражувачите и научниците ги користат да ја дефинираат невербалната комуникација .
Невербалната комуникација се состои од сите други пораки освен зборовите кои се користат во комуникацијата. Во усна комуникација , овие симболички пораки се пренесуваат со помош на интонацијата, тонот на гласот, вокално произведени звуци, држењето на телото, гестовите, изразите на лицето или паузи .
Кога поединци зборуваат, тие обично не се ограничуваат само со емисијата на зборови. Голем дел од значењето е пренесено преку невербалните средства кои секогаш ја придружуваат вербалната комуникација- намерно или ненамерно. Со други зборови, изговорената пораката е секогаш испратена истовремено и вербално и невербално.
Невербалното однесување претходи на вербалната комуникација бидејќи поединците,уште од раѓање најпрво се потпираат невербалните средства за да се изразуваат. Оваа вродена особина на невербално однесување е важна во комуникацијата. Дури и една реченица пред да биде изговорена, слушателот ги набљудува гестовите и изразите на лицето на говорникот, обидувајќи се да ја пронајде смислата на овие симболички пораки. Луѓето претпоставуваат дека невербалните постапки не лажат и затоа тие имаат тенденција да веруваат во невербалната порака кога вербалната порака и противречи на истата. Ова било докажано во тестовите во кои испитаниците биле замолени да реагираат на реченици кои имаат пријателски настроена содржина, но се искажани со лутина. На кратко, луѓето се обидуваат да пронајдат смисла во невербалното однесување на другите со давање на значење на она што тие го прават додека зборуваат. Како резултат на тоа, овие симболички пораки му помагаат на слушателот да ја протолкува намерата на говорникот и ова укажува на важноста на невербалната комуникација во областа на интерпретација. Во секојдневните разговори често се случува ние да не го разбираме она што другата личност сака да каже. Затоа поставуваме прашања како што е : "Што сакаш да кажеш со ова? ", така што говорникот ја појаснува неговата порака.
Од гледна точка на говорникот, постојат бројни функции на невербално однесување - дури и ако тој или таа не е свесна за нив. Човекот користи невербални средства за да ги убеди или да ги контролира другите, да ги појасни нештата, за да се дополни и да ги повтори вербалните изрази. Тие, исто така може да се користат како замена на вербалниот исказ, како што тоа е случај со неколку гестови на телото. Невербалната комуникација е емотивно експресивна и затоа секој говор кој е привлечен за емоциите на примачот има убедливо влијание.
Иако многу невербални средства се вродени и универзални, ( т.е. луѓе во различни култури имаат заедничко разбирање на овие знаци), придонесот на невербална комуникација врз вкупното значењето на говорот може да е културно определен и понекогаш се разликува во различни земји.

2. Примери за невербална комуникација
2.1 Интонација
Интонацијата е начинот на кој гласот на говорникот се крева и паѓа додека зборува. На пример, тоа му кажува на другиот соговорник дали говорникот ја искажува неговата или нејзината порака во форма на прашање или изјава. Во првиот случај , гласот се крева на крајот на фразата или реченицата, а во вториот случај на крајот на реченицата гласот опаѓа. Во исто време, интонацијата го означува крајот на ентитет на информации, кои - во писмена комуникација се прикажани со помош на запирка, точка, извичник или прашалник. Друга функција на интонацијата е да постави акцент на одреден збор или идеја, детаљ за кој што соговорникот не смее да биде свесен.
2.2. Тонот на гласот
Тонот на гласот е средство со кое говорникот го пренесува неговото или нејзиното однесување кон пораката. Тоа исто така е средство со кое се бара реакција од слушателот. Во политичка дебата, на пример, тонот на гласот најчесто е силен и страстен, додека на дневните вести на телевизијата пораките се соопштуваат во пореален тон. Тонот на гласот исто така може да биде: агресивен, критичен, нервозен, разочаран, монотон, пријателски, ентузијастички, жив, убедлив, итн.
2.3. Вокално произведени звуци
Вокално произведени звуци вклучуваат смеа, извик, крик на радост , страв, болка, како и конвенционалните изрази на одвратност, триумф , итн, Тие не се дел од вербалната комуникација бидејќи тие помагаат при изразување на чувства или став во одреден разговор.
2.4. Држење на телото
Држење на телото или позицијата на телото на говорникот е повеќе или помалку стабилна состојба, која не треба да се меша со гестовите на телото кои спаѓаат во движења. Според држењето на телото може да се одреди дали еден разговор се води формално или релаксирано. Доколку разговорот е формален, држењето на телото е исправено и многу се внимава на седењето, додека доколку разговорот е релаксиран и телото е поопуштено. Исто така во држење на телото спаѓа и близината при поздравување, која може да каже какви се односите помеѓу двајцата кои се поздравуваат. 2.5 Гестови
Гестови се движења направени со рацете кои ја изразуваат, потврдуваат, нагласуваат вербалната комуникација. Оваа невербална активност редовно се користи во усната комуникација. Примери за гестови се: сигнализирање со раката мавтајќи збогум, стисната тупаница – знак на нервоза. Иако овие гестови имаат универзално значење, постојат и гестови кои се карактеристични или културно условени. Употребување на формата на нула со прстите, во Велика Британија значи “во ред”, додека во Јужна Америка овој знак е вулгарен.

2.6. Фацијални експресии и движења на очите
Фацијалните експресии се динамички карактеристики кои го искажуваат ставот на говорникот, неговите емоции, намери, и така натаму. Лицето е примарен извор на емоции. Во текот на усната комуникација, изразите на лицето се менуваат постојано и постојано се следени и толкувани од страна на примачот. Примери за ова се: насмевка, муртење, подигнати веѓи, проѕевање или подбив. Истражувачите откриле дека одредени делови од лицето ја откриваат нашата емоционална состојба подобро од другите. На пример очите имаат тенденција да покажат среќа, тага или дури и изненадување. На долниот дел на лицето, исто така, може да изрази среќа или изненадување преку насмевка. Веѓите и челото се познати дека откриваат претежно лутина.
Движењето на очите е клучен дел во фацијалните изрази. Фреквенцијата на контактот со очите може да сугерира интерес или здодевност, а може дури и да издаде нечесност. Директно загледување на говорникот може да покаже искреност или отвореност. Погледите надолу обично се поврзани со скромност; додека кога очите се превртуваат нагоре пренесуваат знак на замор.
2.7. Пауза
Паузата може да има две различни функции:
1. Може да биде краток прекин на гласот за да се покажат на границите и односите на речениците и нивните делови. Паузата тогаш има слична функција во вербалната комуникација како интонацијата.
2. Во вториот случај паузата може да сугерира несигурност, двоумење, напнатост или нелагодност. Во овој контекст, паузата може да биде пресудна од причина што може да доведе до проблеми кога станува збор за толкувањето, бидејќи нејзините значења значително се разликуваат.

Културни разлики во невербалната комуникација Многу облици на невербална комуникација се специфични за одредена култура. Не само тоа што некои невербални знаци од една култура не значат ништо во друга, туку и исти невербални знаци може да постојат во две различни култури, но притоа да имаат многу различно значење. Ваквите невербални разлики можат да доведат до недоразбирање при интеракција на луѓе од различни културни средини. Некои од таквите разлики се наведени подолу.
Контакт со очи и поглед
Во американската култура се цени директен контакт со очи. Личноста која не “не гледа во очи” ја перцепираме како да не избегнува или лаже. Меѓутоа во многу други делови на светот директен контакт со очи се смета како израз на непочитување, особено во присувство на некој со статус поголем од нашиот. Пример: Во Нигерија, Порторико, и Тајланд, децата учат да не ги гледаат директно во очи своите професори и другите возрасни личности. И Индијанците исто така применуваат минимален контакт со очи, а ист случај се и Јапонците. За разлика од нив Арапите изразито се служат со контакт со очите.
Личен простор и допир
Културите низ светот се поделени на култури со многу допири, во кои луѓето стојат блиску еден до друг и често се допираат и на култури кои имаат малку допири, односно луѓето зафаќаат поголем личен простор и поретко се допираат. Меѓу култури со многу допири се вбројуваат земјите на Северна Европа, Јужна Америка и јужноеврпоските земји. Култури со малку допири ја вклучуваат Северна Америка, земјите од Северна Европа, азијските земји, Пакистан и Индијанците. Културите исто така се разликуваат и според тоа во која мерка меѓусебното допирање на припадници на ист пол се смета за соодветно. На пример во Кореја и Египет, мажите и жените се држат за рака, под рака или одат еден до друг со пријател од ист пол и тоа невербално однесување нема никакви сексуални конотации. Во САД ваквото однесување е многу малку вообичаено, особено меѓу мажите и нивните пријатели.

Знак “ОK”
Знакот ОК се обликува така што се прави круг со помош на палецот и показалецот додека преостанатите три прсти се раширени нагоре. Во САД ова значи “ОК”.Меѓутоа во Јапонија овој знак значи “пари”, во Франција значи “нула”, а во Етиопија “хомосексуалност.” Во Бразил овој знак е еден вид на увреда. "Палецот горе "
Во САД дигањето на палецот во воздух додека останатите прсти се стиснати во тупаница значи “ОК”. Неколку европски земји имаат слично значење на овој гест. На пример во Франција ова значи “одлично”, но во Јапонија истиот овој гест значи “момче”, додека во Иран и Сардинија е навреда.
Кимање со главата
Во Соединетите Држави кимањето со глава горе-долу, значи “да”, a вртење на главата од една на друга страна значи “не”. Меѓутоа во некои делови на Африка и Индија е обратно: кимање со главата горе-долу значи не, а вртење десно-лево значи да. За ситуацијата да биде уште посложена, во Кореја замавнувањето со главата од една на друга страна значи “не знам” (што во САД се изразува со кревање на раменици). Конечно бугарите го изразуваат своето несогласување така што ја замавнуваат главата наназад при што се враќаат во исправена положба, што многу често по грешка се преведува како знак на согласување.

Како се читаат невербалните знаци?
Невербалните знаци најчесто се истовремени и многу е тешко да се следат. Додека се гледа некој во очи, може да ни избега движењето на рацете. Се се случува одеднаш о затоа е тешко, а многу често е и збунувачки да пробаме да ги следиме сите невербални знаци. Многу од луѓето не го прават тоа, барем не свесно, што има и добри и лоши страни. Токму затоа што невербалните знаци ги интерпретираме потсвесно (така што всушност не знаеме точно да кажеме што сме виделе, но сме стекнале одреден впечаток) тој впечаток би можел да биде прилично точен. Од друга страна, тешко е да разбереме зошто сме стекнале некаков впечаток за таа личност, па сме склони кон занемарување на впечатокот.

Разлики во невербалната комуникација кај мажите и жените * Мажите се помалку осетливи на невербалните комуникациски знаци од жените; * Мажите користат повеќе простор кога седат: рацете и нозете најчесто се испружени нанадвор, додека жените седат со нозете и рацете кон телото. * Мажите повеќе и поизразено гестикулираат со раце од жените; * Мажите помалку се изразуваат со фацијалните експресии и говорот на телото од жените; * Мажите почесто гледаат директно во очи во негативните интеракции, најверојатно за да “ја измерат силата”, жените пак го спуштаат погледот; * Жените се повешти од мажите во интерпретација на пораките испратени преку изразите на лицето. * Жените повеќе се смешкаат од мажите (дури и кога не се среќни) * Жените почесто воспоставуваат и одржуваат контакт со очите за време на разговори, отколку мажите. * Жените се користат со отприлика пет тонови на гласот додека зборуваат и звучат поемоционално додека мажите користат отприлика три тонови на гласот и звучат монотоно. * Жените почесто од мажите ги користат прегратките и допирите за да искажат поддршка, грижа, топлина и утеха.

Заклучок

Невербалната комуникација го опфаќа се она што го правиме и врз темел на сето тоа нашата околина ги сфаќа и доживува нашите пораки на единствен начин. Невербалната комуникација може да има различни форми, а секоја од тие форми прикажува или заменува одреден дел од вербалната комуникација. Таа вклучува многу повеќе елементи отколку што замислуваме на прв поглед. Бидејќи врз невербалната комуникација потешко се влијае и се управува, отколку со вербалната, луѓето кога не се сигурни во вистинитоста на она што го зборуваме се ослонуваат на невербалната комуникација: погледот, движењата и тн. Значи “магијата” во невербалната комуникација е во откривање на искреноста. Секако и таа е подложна на разни влијанија, но во сржта би требало да е прилично искрена. Заради тоа е многу важно да се знае правилно да се преведува и да се одговара на емоционалните сигнали меѓу луѓето не само во обичните секојдневни разговори туку и во бизнис разговорите.

Користена литература

1. http://www.zeromillion.com/business/management/non-verbal-communication.html 2. http://www.spongegeek.com/seminari/neverbalna-komunikacija#Toc337921203 3. Neverbalna komunikacija na delu 2. Razlike među kulturama – Марко Буразор, 2013

Similar Documents

Premium Essay

Nonverbal Comunication

...Nonverbal communication can be more telling sometime of our actual thoughts that the words we speak. It is a crucial part of the way we communicate yet it is often neglected. Nonverbal communication includes such things as eye contact, facial expressions, posture, and hand gestures. Even though, we primarily focus on our verbal message our nonverbal message is the first thing other see. In Communicating in the Workplace it states that “nonverbal messages are sent in advance of verbal messages. Before you even open your mouth, your facial expressions, your clothes, your walk, your body posture, your skin color, your hairstyle, etc. are communicating much about you” (Cheesebro, O'Connor, & Rios, 2010, p. 89). When we speak we are also nonverbally communicating whether we want to or not. That is why it is so important that our nonverbal message is aligned with what we are actually saying. If the two do not match then our message can be misinterpreted or lost completely to our audience. Your message can come across as negative or positive depending on how it is communicated. For it to come across as needed it must be presented in a way that is easy to understand for your listeners. It seems that as we technologically advance our communications skills have declined. According to Cheesebro, O'Connor, and Rios (2010), “a more common concern is our lack of clarity and purposefulness when we speak rather than our inability to communicate both verbally and nonverbally”(p. 80)...

Words: 710 - Pages: 3

Premium Essay

Teamwork

...Team work foster interaction, heighten creativity and commitment in people. Therefore, organisations must learn and develop effective communication skills in their teams in terms of verbal and nonverbal communication, listening and leadership to adapt or implement new processes within the organisation. One of the main challenges of team management nowadays is the speed of implementation of new processes; The success rely on the ability of leaders to motivate the members of the team to learn in an environment that is psychological safety and fostered communication and innovation. Leadership must be based not only in knowledge but also on such factors as the ability to work with others, willingness to deal with new situations and a set of communication behaviors that contributes to maintain a good and productive climate in the group. The importance of these skills can be clearly seen in the following situation where the implementation of a new surgical procedure was required in two different hospitals.[i] The Chelsea hospital which had a renowned cardiac surgeon with a lot of experience with the new technology, but despite that apparent advantage, his team learned the new procedure more slowly than the team of the Mountain Medical Center, which team leader had limited experience in the new procedure but succeed learning with his team, and implemented the new technology more quickly. Because the members of the team were highly motivated to learn by adopting the new procedure...

Words: 294 - Pages: 2

Premium Essay

Communication in Organization

...Introduction: Communication is one of the most frequently discussed dynamic in the entire field of organizational behavior, but it is seldom clearly understood. In practice, effective communication is a basic prerequisite for the attainment of the organizational goals, but it has remained one of the biggest problems facing modern management. Communication is an extremely brad topic and of course is not restricted to the organizational behavior field. Some estimate of the extent of its use go up to about three-fourths of an active human being’s life, and even higher proportions of a typical manager’s time. It is natural that many of our managers fail to communicate effectively with their employees. If history and statistics of the problems and conflicts of our industries are analyzed, it will possibly be seen that about 50% of the same are caused due to communication failures. Communication gaps produces frustration, grievances, agitation, non-cooperation, strike, poor employee performance, increased wastage, higher cost of production, drop in quality, loss in business, gherao etc. etc. Title of the Assignment: “-------------------------------------------------------------------------------------------------------------”. Purpose of the Project: The purpose of the project is to fulfill partial requirement of the Course of Organization Behavior of University of New Castle MBA program. Objective of the Project: The main objectives of the proposal is to help to prepare...

Words: 5609 - Pages: 23

Premium Essay

How to Develop Effective Communication

...others is another good way to gain trust, it shows that you care and people will always have that back in their mind whenever they think of you or encouter you unless that is broken. Another way is recognition for initiative, appreciate what people do for you or for others, show that you appreciate them for that. You can also give fedback or honest opinions to people, this shows them that you will not let them go down in times of competition since most people will not be as friendly as they are in other situations away from competition. You should also be fair to everyone, this will make you non-discriminative in the eyes of other people therefore gaining trust as such. Another thing you need to communicate effectively is to know the comunication strategies themselves. It is important to keep in mind the...

Words: 2220 - Pages: 9

Premium Essay

Communication

...More on How I Communicate… I have always made the extra effort to express my ideas and opinions as clearly as I possibly can; idealistically hoping that most people can understand and embrace them. However, I have just realized, after reading Chapter 6-8 of my Looking In Looking Out textbook, that I have yet to develop my full potential as a communicator. Before completing this reading assignment, I did not fully understand a few critical communication concepts and principles, such as the ambiguities of non-verbal human behavior, kinesics, proxemics and the process of self-disclosure, among others. But, most likely, from now on, I will be able to engage in different types of conversations that can be more rewarding for my interlocutors and myself. As the years have gone by, I have been noticing that I increasingly listen more carefully not only to what people say and how they say it, but also, to what people do not say, knowingly or not. May be I have been growing older and/or have been learning from my personal experiences. Since, there have been occasions in which my limited ability to read the non-verbal content of what people were “telling” me, did not allow me to achieve what I had initially intended. For instance, a few years ago, when I was beginning to sale life insurance on a part time basis, I lost numerous sales because I could not always discern what the client’s non-verbal behavior was signaling or showing me throughout the sale’s presentation. In time, by trial and...

Words: 491 - Pages: 2

Premium Essay

Effective Communicaion

...Explore the importance of developing effective communication skills in nursing. Communication is the base for everything done in everyday life as well as in professional practice. What and how something is said will send a number of messages to the receiver; these messages are sent and received both knowingly and unknowingly (Sully and Dallas, 2005). Nurses evidently deal more with patients than any other health care worker (McCabe and Timmins 2006), therefore it is very important that effective communication skills are developed, as they will be supporting the patients, the relatives and then communicating back to other health care workers. This essay will be looking at the importance of developing effective non verbal communication skills, the effect different levels of communication has on patients, and adapting communication skills where barriers exist. Communication is both verbal and non verbal, Verbal communication is often seen as the most important form of communication (McCabe and Timmins, 2006). However when people are communicating, words make up only seven percent of the message. The other ninety three percent is made up by how the message is said, the tone of the message and body language (Argyle, 1989 cited by McCabe and Timmins, 2006). So from looking at the information Argyle presents, it is clear to see that non verbal communication has much more of an impact than verbal communication. Although what is said will still have to have meaning and be appropriate...

Words: 1064 - Pages: 5

Premium Essay

Demonstrative Communication

...2011). Communication can be verbal or nonverbal, written, or visual. According to Paul Endress, 7% of the communication process is words, 38% is voice tone, and 55% is physiology. Therefore, nonverbal communication comprises 93% of communication; it is made up of the following three areas and their subgroups: • Body o Physical Space o Clothing and appearance o Locomotion ("kinesics") • Physiology o Posture o Gesture o Facial expressions • Nonverbal o Eye contact o Touch ("haptics") o Tone of voice (paralanguage) Research shows that the nonverbal "channels" of communication (how things are said) are often more important than words alone (what is said)(Endress, 2010). Demonstrative communication is that part of the communication process that includes nonverbal and unwritten communications. Demonstrative communication entails sending and receiving wordless messages (Nayab, 2010) Effective or Ineffective Effective communication is the foundation for positive interactions in the workplace as well as in social settings. To share ideas, give opinions, or be defined as an individual, one must have effective verbal and nonverbal communication skills. These skills are not only important for the sender but also for the receiver. According to Missouri Western State University's Laurel J. Dunn, nonverbal communication can be deciphered beginning in early childhood, but interpretation becomes more accurate as the person grows older. Nonverbal cues are responsible for a major portion...

Words: 966 - Pages: 4

Premium Essay

Dotdotdot

...Course Outline Course Name : Business Communication # BUS 107 Program : Bachelor of Business Administration [BBA] Batch : Sixteenth Batch Session : 2006-2007 Semester : Second Course Teacher : Chowdhury Golam Kibria Associate Professor Room# 316, Floor# 3, Department of Business Administration Social Sciences Faculty, Jahangirnagar University E-mail : cgk@juniv.edu; jibonchowdhury@yahoo.com Cell: 880172 670 2501 (Strictly for academic purpose only) Class Time: Sunday & Thursday : 9:30 AM-11:00 A.M Counseling: Sunday & Thursday : 11:15 AM – 12:15 AM & 1:30 PM-2:30 PM and by appointment Texts: 1. Lesikar, R.V., Pettit, J.D., & Flately, M.E. (1999). Basic Business Communication. USA: Mc-Graw-Hill 2. Bovée, L. C., & Thill, V. J. (2008). Business Communication Today. Delhi: Pearson Education. Contents in Brief: |Sl. |Topic |Reference | |1. |Understanding business communication |Lesikar, Chapter 1: | | | |Bovee, Chapter 1 | |2. |Communicating in Teams and Mastering Listening and Non-verbal Communication...

Words: 355 - Pages: 2

Premium Essay

Email

...E-mail Etiquette E-mail etiquette to me, means a way that people represent themselves while communicating through e-mail. How you write or respond to an e-mail is very important because you’re representing yourself or your companies without being able to have the recipient see you physically or able to hear your tone of voice, which can be very challenging to most people. I know that I have sent several e-mails thinking that the recipient “knows me” or knows how my personality but that is not the case at all. E-mails can be misinterpreted very easily causing hurt feeling, not fully understanding what is expected of them, or simply just not understanding what the purpose of the e-mail really was. Be careful about using irony in e-mails to people who don’t know you well. If misunderstood, it could cause conflict (Bloomsbury, 2004). Today everyone is always on the go, with a million things to do. Any shortcuts that we can take to save a little time, we normally jump on that opportunity. This is very easy with e-mails. The popularity of text messages is beginning to creep over into e-mail. While most people will understand what you mean if you send them a message along the lines ‘C U at 10’ or ‘mtg off’, it’s best not to include this type of abbreviation in messages to external clients or contacts. Use full correct spelling, even if this takes a little longer (Bloomsbury, 2004). As technology keeps moving forward and coming up with new ways to make life quick and simple...

Words: 565 - Pages: 3

Premium Essay

Demonstrative Communication Paper

...Demonstrative communication can be effective in all situations if used properly. Using eye contact is a good way to show how serious you are and a way to make sure you are keeping the attention of your audience. In a face to face situation if you are lecturing an individual keeping eye contact and using a stern and steady voice with them will show them you are serious and that you mean what you are saying to them. If you were using different body language, for example looking away and a very low tone of voice, you would be sending the message that you are not sure of what you are saying. In this example people are likely to think you are not serious about what you are saying and could just blow off the conversation. Being the receiver in this situation, if you are the one being lectured, your best body language would be eye contact and intent concentration. This would show you are paying attention and care about what the sender is saying to you. If you were to, instead, look around the room and drift off into other thoughts or look at your cell phone and make weird faces your sender would get the feeling you were not paying attention and did not care about what they were saying to you. This could send the wrong message if you were the receiver and were being lectured you could be in even more trouble with these communications. Being the sender of these communication would tell the person being lectured by you that you were uncomfortable lecturing them and were not sure about what...

Words: 582 - Pages: 3

Premium Essay

Demonstrative Communication

...Communication Ashley Beaver SOC110 August 28, 2012 Chari Davenport Communication Communication is how people talk to one another. It could either be verbal or nonverbal communication. Different types of cultures also have different ways of how they communicate with one another. There are two different types of communication, verbal and nonverbal. Verbal communication focuses on how you use words and language. People who work together in groups communicate by using language. If they did not use language they would not be able to discuss what is happening and how they plan on getting their work done. Nonverbal communication uses messages other than words that generate meaning. Eye contact and the tone of your voice are just two examples of nonverbal communication. If someone talked to you in a tone of voice that did not change it would be hard to interpret the meaning of what they are saying to you. You can tell what kind of mood a person is in by the tone of their voice. There are differences in the way a man and a woman communicate. Women speak to people more tentatively. They tend to use qualifiers and tag questions when they talk. A qualifier is words such as maybe or perhaps. When they use these words it makes them seem like they are uncertain about what they are saying. Tag questions are questions that are connected to a statement. Women use a more corporative when speaking this helps people to respond easier. When men speak they use a language that is more assertive...

Words: 540 - Pages: 3

Premium Essay

Communication Theory

...Communication Theory Sherri L. Jackson HCS/320 Health Care Communication Strategies June 25, 2012 Tracey Collins Communication Theory Team Communication is a mixture of verbal and non-verbal communication that plays an important role in any group or organization. It provides purpose, direction, creates team culture, and it makes things happen. Team communication is necessary and unavoidable for a team to be effective. The ability of team members to understand and communicate information enables them to work together collaboratively. As with all things, team communication has its “pros and cons.” Effective team communication empowers the team with determination and energy to work together. The use of positive messages helps to motivate the team to put forth the extra effort. Clear direction in team communication, whether verbal or non-verbal gives the team vision and purpose and creates a sense of identity and motivation to accomplish a common goal. When a team can communicate effectively, it lessens misinterpretations. Speaking up and asking questions helps if at any time something is not understood. If there are misunderstandings, clear them up in a calm manner. Effective team communication is a combination of good manners, good attention, and open mindedness. Active team communication can withstand changes. Some downsides to team communication are that it is not personal. Every individual has various needs that should be addressed, which are impossible...

Words: 752 - Pages: 4

Premium Essay

Etfwe

...Name: Class: Date: ID: A SPC 1017 - Exam #1 - Ch. Multiple Choice l-6 Identifu the choice that best completes the statement or unswers the question. L The process of putting our thoughts and feelings into words and nonverbal cues is called a. encoding b. decoding c. feedback d. semantics 2. What three things can help improve your communication competence? a. Motivation, desire, and expertise b. Skills, context, and semantics c. Encoding, decoding, and feedback d. Motivation, knowledge, and skills The route used to transmit messages is known as a. encoding b. decoding c. feedback d. noise e. a channel Sarah and Stephen are meeting to talk about their class project, but Stephen is distracted, because he is worried abouian exam in another class. He asks Sarah to repeat herself several times. This conversation is 3. 4. most strongly influenced bY a. b. c. d. 5. physical context physical noise internal noise semantic noise - The cashier at the store greets you by saying, "How are you doing today?" Even though you're having a bad day, you say, "I'm fine, thank you." Your response is an example of a a. spontaneousexPression b. constructed message c. scripted message d. semantic message Competent communication depends on a. having a friendly personalitY b. learning how to give strong feedback c. being both effective and appropriate d. avoiding noise 6. Name: ID: A 7. According to scholar Brian Spitzberg, motivation is...

Words: 1840 - Pages: 8

Free Essay

Week 1: Managing Conflict

...WEEK 1: Clearly these definitions reflect an organizational behavioral perspective, and lead us to analyze conflict from a number of perspectives with communication and the perceptual process being important to much of our discussion. Our individual definition of conflict is shaped by our values, beliefs, attitudes, and experiences. Some of us view conflict as a positive gateway to change while others view conflict as a negative occurrence to be avoided at all costs. Whether your view of conflict is positive, negative, or a combination, it is important to recognize that we each have a definition of conflict, to understand our own definition and views of conflict, and to respect that our definition may be different than those with whom we are in conflict, or those with whom we are managing conflict. • Many factors influence conflict and our actions in conflict. One of those factors is climate and another factor is culture. • Culture is as diverse as the individuals we shall meet in our classes, workplaces, and personal lives. It is important that we recognize our similarities and differences in order for effective conflict management to take place. • Conflicts can spiral as well. If a conflict is not addressed or is addressed in a negative fashion, the conflict can spiral. If not managed properly, the conflict could spiral out of control. Conflict has a consequence for those involved, so it is important to recognize a conflict that is in a spiral. ** It is important to create...

Words: 664 - Pages: 3

Premium Essay

Demostrative Communication

...Demonstrative Communication Kawannais Willis BCOM/275 September 3, 2013 Mr. Olmos Demonstrative communication includes nonverbal and unwritten communication. Demonstrative communication involves such things as facial expressions, tone of voice, and body language. Communication is the process of sending and receiving information. A large part of how we communicate with others is demonstrative communication. The many forms of communication continue to change with all the technology that we use today. Nonverbal and unwritten communication has a large impact in today’s environment. People project themselves through body language, tone, and facial expressions. When we speak to people we talk more with our body language than words. Body language is a universal language that everyone shares. One of the most recognizable ways to see how someone receives a message is facial expressions. Eye contact is very important when a conversation takes place and a message is being given. The tone of voice is very important when showing communication to an individual or room full of people. When we use our tone of voice effectively it is the most powerful type of communication. It is impossible to have two people without demonstrative communication. It does not matter the number of people involve. Communication is simply conveying information to another person in a way they fully understand. Ineffective communication can lead to confusion and frustration. Effective communication provides...

Words: 750 - Pages: 3